Голем италијански бренд за прв пат влегува на македонскиот пазар

Македонија конечно влегува на мапата на земји кои ќе може да се запознаат со производите на Italchimica, познат италијански бренд кој нуди широка палета на производи за лична хигиена по навистина пристапни цени..

Високо квалитетните производи на овој бренд се широко распространети на европскиот пазар и токму конкурентноста со цената и квалитетот се негови препознатливи знаци кои ги рангираат производите високо на скалата на барани производи во секој дом.

Oснована во 2003 година, Italchimica е еден од водечките италијански производители на детергенти и козметика. Компанијата е 100% италијанска сопственост, со седиште во Падова.

Italchimica воведе високо иновативно производство и успеа, за помалку од 20 години, да стекне кредибилитет и доверба во секторите за професионално чистење I&I и HO.RE.CA.

Искуството на Italchimica и растот на групацијата се развија и зајакнаа низ годините, со стекнувањето на различни компании во секторот. Ова секојдневно придонесува за подобрување на нивниот професионализам, знаење и производствени капацитети.

Визија

Создавање професионални решенија за чистење и козметика кои го подобруваат квалитетот на животот со почитување на природата.

Мисија

Секојдневно одговараме на барањата за чистење и лична хигиена на нашите клиенти со создавање ефективни, транспарентни брендови и решенија кои имаат за цел да им го олеснат животот на луѓето и нивните деца во чист, здрав свет.

Вредности

Нашата компанија се заснова на италијански дух, иновативност и транспарентност. Токму преку овие вредности продолжуваме да им нудиме можности на сите наши клиенти и членови на персоналот.

Инаку Italchimica е општествено одговорна компанија и ужива поддршка како таква од локалното население во Италија.

Целосно е посветена на зеленото сценарио своето и производство го заснова на употреба на зелена енергија преку широко распространети фотоволтаични панели, поддршка за зелена околина, пакувањето 100% се рециклира, 81% од употребените материјали се органски и биоразградливи. Дури 71% од формулите во детергентите се концентрати и 0% микропластика во козметичките продукти.

Во работењето се употребени највисоки стандарди ISO 9001; ISO 14001; ISO 45001; BRC.

 

Previous articleБухова вели дека Максим треба да остане во изолација – тој вчера соопшти дека е негативен
Next articleДанела се огласи од Амеpика – се сликаше со важна личноcт