Данела се огласи од Амеpика – се сликаше со важна личноcт

Статус на Данела Арсовска:

„Стратешкото партнерство со САД се надградува со зголемена соработка на лидерите на градовите на билатерално ниво.

Градот Скопје има можност да учествува во целосно финансирана едногодишна програма за градење на капацитетите на покана на Универзитетот Харвард.

Во 3 дневната посета на САД остварив средба со градоначалничката на Бостон Мишел Ву, со која дискутиравме за предизвиците со кои градовите се соочуваат и решенија со кои истите можат да се надминат.

Мишел Ву која истакнува дека најголемите предизвици можат да се надминат преку градење на заедништво е исто прва избрана жена градоначалник на Бостон.

Ми беше чест да го претставувам градот Скопје на иницијативата која во САД обединува градоначалници кои можат билатерално да понудат поддршка и да разменат искуства и знаења.

При сите заеднички предизвици со кои се соочуваат градовите, ова е единствена платформа наменета за градоначалниците да ги градат капацитетите за поуспешно справување со секојдневните проблеми, да разменуваат идеи, учат едни од други и да си помагаат под исклучително менторство на Универзитетот Харвард.“

Previous articleГолем италијански бренд за прв пат влегува на македонскиот пазар